СДСМ-АРОГАНТНА СО ПОТСМЕВ ЈА ГЛЕДАЛА ВМРО-ДПМНЕ Бара целосно да се отвори границата со Косово, за да не се трошеле пари!

Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е - зошто Тошковски дозволи Груби да избега, соопшти СДСМ.

547

Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, соопшти малата опозициска партија СДСМ.

„Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега? Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но, за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?“, соопшти СДСМ.






Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно” полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, праша партијата.

„Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Беџети, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар“, предложи СДСМ.

Поврзани содржини