СДСМ: АКО САКА ДА Е КОНСТРУКТИВЕН, МИЦКОСКИ ДА ГИ ПРЕКИНЕ БЛОКАДИТЕ Повик до опозицијата да гласа за предложените кризни мерки

Меѓу тие закони се и Законот за заем од 100 милиони евра за непречено функционирање на ЕСМ во време на криза, Законот за нафта и нафтени деривати, но и други педесетина закони важни за граѓаните – набројува СДСМ.

52

Христијан Мицкоски има можност да покаже вистинска конструктивност во процесот на справување со последиците од економската и енергетската криза. Сè што треба тој да направи е да ги повика неговите пратеници во Собранието да се откажат од блокадите на законите кои се важни за граѓаните, за стопанството и за енергетскиот сектор – соопшти денеска СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно претстави пакет од пет мерки за ублажување на кризата, а предложените мерки од владата ги нарече паушални, недоволни и популистички.






СДСМ потсети кои закони се блокирани во Собранието поради бојкот од опозициските пратеници на работата на собраниските тела.

„Меѓу тие закони се и Законот за заем од 100 милиони евра за непречено функционирање на ЕСМ во време на криза, Законот за нафта и нафтени деривати, но и други педесетина закони важни за граѓаните. Владата предводена од СДСМ подготви нов пакет мерки вреден 350 милиони евра со кои ќе им се помогне на над 200.000 граѓани од ранливите категории, но и на домашните компании за полесно справување со кризата. Реализацијата на овој пакет мерки е поврзан со измена на неколку законски решенија, па Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина сакаат да помогнат, нека дадат поддршка за законските измени, за помошта што побрзо да дојде до оние на кој им е најмногу потребна. Сега не е време за суети и политички надмудрувања, туку за заедничка работа во интерес на граѓаните“ – се вели во соопштението од СДСМ.

Поврзани содржини