СДСМ ЈА ЗАГРОЗИЛ НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ Во криза никој не смее да отпише 2.000 тони пченица
Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендера за 20.000 тони жито што го платиле по поскапа цена и како гратис услуга Љупчо Николовски издејствувал 1,4 милион евра грант за „Мамас“ на кланот Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Триото Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот, па со купувањето на прескапа пченица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза. Намалувањето на стоковните резерви претставува директно загрозување на националната безбедност и не смее никој да се дрзне да отпишува 2.000 тони пченица во криза“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во секој потег на Заев, Филипче и на Николовски од нивната шема се отвара сомнеж за сериозни злоупотреби, корупција и огромен профит – од отписот на жито, прескапата набавка, до доделениот грант, се додава во соопштението.
„Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендера за 20.000 тони жито што го платиле по поскапа цена и како гратис услуга Николовски издејствувал 1,4 милион евра грант за „Мамас“ на кланот Заеви. Николовски во 2022 година направил набавка на 20.000 тони жито, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче, но набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милион евра. 20.000 тони пченица државата ја чинело 532 милиони денари или 8,6 милиони евра, односно еден тон жито бил 26.625 денари, а килограм 26,6 денари. Но, пченицата била набавена од Србија, а цената на берзата во Нови Сад тогаш била 20,5 денари. Дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм, се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели 4 денари помалку од оние кои државата ги платила поради Николовски, Заев и Филипче. За 1,3 милион евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Николовски да каже зошто државата платила 1,3 милион евра поскапа сума за житото во стоковите резерви, повикува партијата.
„Кој ќарил од набавката на жито и колкав процент? Дали грантот за Тргопродукт од 1,4 милион евра е подарок и контра услуга на Заев? Јавното обвинителство и ДКСК да отворат постапки и сериозно да го истражат случајот“, бара ВМРО-ДПМНЕ.