СДСМ ЈА ПРЕФРЛА ВИНАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ СЕРВИС ЗА ДА ГО ОПРАВДА ПЕНДАРОВСКИ Кандидатот за втор претседателски мандат не знаел дека има дебата на МТВ!

Терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двајцата кандидати. Дебатата во понеделник на 6 мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни, тврдат од СДСМ.

1,016

Од СДСМ се обидоа да го оправдаат Стево Пендаровски за отсуството од претседателската дебата на МТВ со противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Откако Силјановска Давкова објави на социјалните мрежи дека дебатира „со празно столче“, од СДСМ настојуваат вината за нереализираната дебата на двајцата противкандидати во вториот круг од претседателските избори ја префрлат врз националниот сервис.

„После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче” во договор со јавниот сервис чиј генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ.






Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двајцата кандидати. Дебатата во понеделник на 6 мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка“- стои во реакцијата од СДСМ.

 

ПЕНДАРОВСКИ ГО „ПРЕДАДЕ” ДУЕЛОТ НА МТВ Силјановска Давкова остана сама да дебатира

Поврзани содржини