СДСМ ЈА ПОЗДРАВИ „ЦРНАТА ЛИСТА“ НА САД Партијата дава поддршка за борба против корупцијата
Партијата додава дека останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на иднината на Македонија.
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот на САД за ставувањето на нови лица од Македонија на американската црна листа. Партијата истакнува дека оваа одлука е исклучително значајна како поддршка на стратешките партнери на Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Партијата додава дека останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на иднината на Македонија.