Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени, се вели во одговорот на социјалдемократите на вчерашната понуда на ЗНАМ.
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера истакна дека единствен услов за евентуална соработка со СДСМ е оставка на раководството на партијата во рок од 24 часа, а носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.