СДСДУИ со чочек да ги пречека пасошите, а Таче да вреска „победа, победа“

Македонија со СДСДУИ постојано нешто чека на граничните премини. Чекавме вакцини, зејтин, брашно, резултати за кокошката од Могила... Можеби во СДСДУИ се неспособни да се справат со проблемите дома, ама за пречек на граница се цареви!

1,413

Очекувам СДСДУИ да организира чочек на граничниот премин Богородица за пристигнувањето на следната тура обрасци за пасоши. Откако ја затворија Македонија како во логор.

СДСДУИ повторно организира дочеци на граница, поради своја неспособност, ама и поради криминогеноста.






Не може да се заборави – кога сите суверени држави во целиот свет се занимаваа како да дојдат до вакцини, од СДСДУИ беа фатени писма со намери за провизија. Потоа следеше свечен дочек на портабл-фрижидерче на Табановце, со црвен тепих и заеднички прес-конференции, од која сите го запаметија она Вучиќево „Зоки, дај скрати мало, смрзо’ сам се!“

Со чочек и фотографии меѓу кутии масло за јадење, министерот од СДСДУИ Крешник Бектеши ја смируваше јавноста од раширената паника дека ќе снема зејтин. Пратката пристигнала преку граница.

Без фотографија, но со претпоставена мала забава со чочек во министерството на Груби од СДСДУИ, Македонија дочека и брашно. Можеби паднале и првите мекици за проба на брашното и на ејтинот од Србија.

Некои можеби заборавиле, но Македонија со СДСДУИ постојано нешто чека на граничните премини.

Така, во 2005 година, вниманието на сета македонска јавност беше вперена кон вестите за испраќањето и дочекувањето од Велика Британија на кокошката од Могила, со резултатите дали таа била или не била заразена од опасниот „птичји грип“.

Можеби СДСДУИ се неспособни да се справат дома со проблемите, ама затоа одлично знаат да подготват пречек на граничен премин.

Доказ за тоа се оние 215 белосветски криминалци, со дебели досиеја, кои пристигнале во Македонија и биле дочекани и организирано им биле извадени важечки пасоши во МВР на СДСДУИ. Некои добиле и првокласен третман за преноќување во луксузните одаи на највисоки државни функционери од СДСДУИ.

И затоа, сега, со сето искуство на СДСДУИ за пречеци, очекувам и за доаѓањето на следната тура обрасци за пасоши, Бојмацалиев од СДСДУИ да организира чочек предводен од Димитар Ковачевски и од Оливер Спасовски од СДСДУИ.

Таман Таче да може пак да се развика „победа, победа“!

 

Поврзани содржини