ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА Е ОБЈАВЕН, СЀ Е ТРАНСПАРЕНТНО Македонија ќе стане подобро место за живеење
Ние не правиме никакви деловни тајни. Договорот е јавен, јвено го имаме во Собранието, сè е јавно, јасно и транспарентно. Овој договор е влада со влада, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен и јавен и ќе донесе многу бенефити за Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
– Оваа Влада изминатите 11 месеци се занимава со крупни и големи прашања, кои се од корист на сите граѓани. Ние имаме план Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење. Тој план го реализираме секојдневно, од почетокот на овој мандат. Ние секојдневно гледаме дека се остваруваат нови проекти во општините, фирмите земаат кредити, работите во Република Македонија се движат на подобро и тоа е добро – рече Пренџов во гостување на ТВ24.
Во врска со овој договор, разликата е огромна, додаде тој.
– Ние не правиме никакви деловни тајни. Договорот е јавен, јвено го имаме во Собранието, сè е јавно, јасно и транспарентно. Овој договор е влада со влада. Британија е држава која што ќе ги даде своите знаења во Македонија, ќе помага и 30 отсто од работите ќе бидат изведени од нив. И трето, ќе си има јавни набавки и оној кој што е најдобар во Македонија ќе работи и оној којшто е најдобар во Британија ќе работи – вели Пренџов.
Во дебатната емисија пратеникот ги наведе сите позитивни страни кои произлегуваат од стратешкиот договор. Додаде дека станува збор за крупни проекти кои ја придвижуваат економијатаво нагорна линија.
– Ќе имаме брза пруга. Сега е таа е долга 235 километри, ќе ја скратиме на под 200 километри, возовите ќе се движат до 160 километри на час. Ќе имаме карго пруга за товар, значи ќе се носат од пристаништето во Солун, од Кавала, од Атина и на оваа пруга ќе се заработуваат меѓу 100 и 120 милиони евра годишно. Само што ќе поминуваат стоките низ Македонија, државата ќе инкасира 120 милиони. Ако една пруга кошта 2 милијарди евра, за 15 до 17 години таа пруга самата од себе ќе се исплати. Ова се крупни проекти. За овие проекти мораме да станеме сите, од прв до последен – рече Пренџов.