СЦЕНАТА ВО ШОК Ненадејно почина познат музичар во 39-тата година од животот

Бо Лудерс, гитарист на бендот Harm's Way и ко-водител на подкастот HardLore, почина на 39-годишна возраст.

152

Музичката сцена изгуби уште едно важно име – Бо Лудерс, гитарист на американскиот хардкор бенд Harm’s Way, почина на 39-годишна возраст. Тажната вест ја потврди бендот  преку социјалните мрежи во заедничка објава со неговиот подкаст HardLore.

– Со тешки, скршени срца ја споделуваме веста дека нашиот сакан Бо Лудерс почина – се вели во заедничкото соопштение објавено на профилите на бендот Harm’s Way и популарниот подкаст HardLore.






– Ќе биде запаметен по неговата непоколеблива емпатија и сочувство кон пријателите и семејството, како и по неговото харизматично, неповторливо присуство на и надвор од сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HARDLORE (@hardlorepod)

Причината за смртта сè уште не е објавена, но во соопштението се споделува и телефонска линија за помош за луѓе кои се борат со депресија или мисли за самоповредување, заедно со апел за важноста на барањето помош.

Лудерс беше активен на социјалните мрежи кратко пред неговата смрт. Меѓу неговите последни објави беше фотографија со неговата девојка, ѕвездата на Тик-Ток, Тејлор Никол, направена во Музејот на Џони Кеш. Кратко потоа, тој сподели текст од хардкор бендот Madball, што се покажа како негова последна објава.

Откако веста за неговата смрт стана јавна, Тејлор Никол се збогуваше со него во емотивна објава на Инстаграм.

– Секогаш ќе бидам твој најголем обожавател, мој сладок бабо – напиша таа покрај фотографија од Лудерс на сцената, додавајќи дека во моментов е опкружена со најблиските и е благодарна за поддршката што ја добива.

Бо Лудерс е ко-основач на Harm’s Way во Чикаго во 2006 година. Со текот на годините, бендот изгради силна репутација на хардкор панк и метал сцената, издавајќи пет студиски албуми и пет EP изданија. Во времето на неговата смрт, тие се подготвуваа за европска турнеја закажана за јуни.

Покрај неговата музичка кариера, Лудерс беше и едно од лицата на подкастот HardLore, кој стекна голема популарност меѓу обожавателите со интервјуа со уметници од панк, метал и хардкор сцената.

Неговиот колега и ко-водител Колин Јанг се збогува со трогателна порака: „Ќе те сакам, ќе тагувам и ќе те славам засекогаш. Ова прекрасно нешто што го изградивме заедно беше најголемата чест во мојот живот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin Young (@colinyovng)

Поврзани содржини