СЦЕНАТА ОД КРАЛСКИОТ БАЛКОН ГО ОСТАВИ СВЕТОТ ВО СОЛЗИ Мамо, ни недостасуваш!

Принцот рекол дека процесот на донесување конечна одлука за лекување на принцезата Шарлин бил во согласност со нејзините браќа.

2,992

Принцот Алберт од Монако објаснил дека неговата сопруга, која изгледала сѐ полошо, признала дека ѝ треба помош.

На почетокот на оваа година принцот изјави дека неговата сопруга боледува од инфекција на синусите. Принцот не откри детали за нејзината болест, но ја отфрли можноста за рак и ковид-19.






Тој навести ментални здравствени проблеми, велејќи дека таа е „преоптоварена и неспособна да се справи со службените должности, генерално со животот, па дури и со семејниот живот“ и дека страда од „исцрпеност, и емоционална и физичка“.

Во интервјуто за магазинот „Пипл“, принцот Алберт изјави дека семејниот собир во Монако минатата недела на почетокот поминал мошне добро во првите неколку часа, но потоа станало многу очигледно дека на Шарлин не ѝ е добро.

Принцот рекол дека процесот на донесување конечна одлука за лекување на принцезата Шарлин бил во согласност со нејзините браќа.

„Седев со нејзините браќа и снаа. Таа веќе ја донесе својата одлука, а ние само сакавме да ја потврди пред нас. Таа го сакаше ова. Таа веќе знаеше дека најдоброто нешто е да оди да се одмори и да има вистински медицински третман. И не во Монако. Од причини за приватност, треба да биде некаде надвор од Монако“.

Во меѓувреме, тој открил дека нивните близнаци Габриеле и Жак ќе ја посетат својата мајка Шарлин кога ќе добијат лекарска дозвола.

Француските списанија тврдат дека „најтажната принцеза на светот“ заминала во Швајцарија, каде има бројни специјализирани приватни медицински клиники.

Поради здравствени причини, принцезата не присуствуваше на денешните церемонии по повод Националниот ден на Монако.

Близнаците држеа транспаренти на кои пишуваше:

„Ни недостасуваш, мамо“, во текот на прославата што се одржа утрово. Принцот Алберт ја држеше раката над срцето додека ги гледаше неговите деца како креваат транспаренти упатени до принцезата Шарлин.

„Веројатно ќе го кажам ова неколкупати, но ова нема никаква врска со нашата врска. Сакам тоа да биде многу јасно. Ова не се проблеми во нашата врска, не со односот меѓу сопруг и сопруга. Тоа е од друга природа“, нагласил Алберт.

Шарлин минатиот понеделник се врати кај сопругот и близнаците Жак и Габриела во Монако по десетмесечно отсуство. Таа закрепнуваше од операцијата по инфекцијата на синусите што ја добила за време на патувањето во нејзината родна Јужна Африка на почетокот на оваа година.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини