САУДИСКИОТ ПРИНЦ ГО НАГОВАРАЛ ТРАМП ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА ПРОТИВ ИРАН Бин Салман гледа можност за преобликување на Блискиот Исток

Во серија повици во текот на изминатата недела, принцот на Саудиска Арабија му рекол на американскиот претседател дека мора да инсистира на уништување на тврдокорната влада на Иран. Принцот Мохамед бин Салман, според изворите, тврдел дека Иран претставува долгорочна закана за Персискиот Залив, што може да се елиминира само со отстранување на иранската власт, објави „Њујорк тајмс“.

1,514

Саудискиот престолонаследник и де факто лидер Мохамед бин Салман го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со војната против Иран, опишувајќи ја американско-израелската воена кампања како „историска можност“ за преобликување на Блискиот Исток, објави „Њујорк тајмс“, според извори брифирани од американски претставници.

Во серија повици во текот на изминатата недела, принцот на Саудиска Арабија му рекол на Трамп дека мора да инсистира на уништување на тврдокорната влада на Иран. Принцот Мохамед бин Салман, според изворите, тврдел дека Иран претставува долгорочна закана за Персискиот Залив, што може да се елиминира само со отстранување на иранската власт. На намерите на Трамп да ја заврши војната, принцот инсистирал на напади врз енергетската инфраструктура на Иран, за да се ослабне владата во Техеран.






Иако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го гледа Иран како долгорочна закана, аналитичарите посочуваат на клучна разлика во целите. За израелските претставници, неуспешна иранска држава, преокупирана со внатрешни немири и неспособна да го загрози Израел, би била победа.

Од друга страна, Саудиска Арабија го гледа таквото сценарио во Иран како сериозна и директна закана за безбедноста.

Сепак, високи функционери во саудиската и американската администрација стравуваат дека конфликтот би можел да излезе од контрола. Според нивните проценки, ако војната продолжи, Иран би можел да изврши уште поразорни напади врз саудиските нафтени постројки, додека САД би можеле да бидат заглавени во бескрајна војна.

Поврзани содржини