САУДИСКА АРАБИЈА ГИ УБИВА МИГРАНТИТЕ ШТО СЕ ОБИДУВААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЗЕМЈАТА! Сериозни обвинувања на Хјуман рајтс воч
Во извештајот се наведува дека стотици луѓе се убиени, претежно Етиопјани кои го минуваат Јемен разурнат од војна, за да стигнат до Саудиска Арабија, пишува Би-би-си.
Во нов извештај меѓународната организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини граничарите на Саудиска Арабија за масовно убивање мигранти долж границата со Јемен.
Во извештајот се наведува дека стотици луѓе се убиени, претежно Етиопјани кои го минуваат Јемен разурнат од војна, за да стигнат до Саудиска Арабија, пишува Би-би-си.
Мигрантите тоа го потврдија за Би-би-си, велејќи дека и самите биле повредени и биле сведоци на убивање луѓе.
Саудиска Арабија претходно ги отфрли обвинувањата за систематски убиства.
Извештајот на ХРВ, насловен „Тие пукаа кон нас со град од куршуми“, содржи експлицитни сведоштва на мигранти кои велат дека саудиската полиција и војници пукале во нив, а понекогаш и фрлале со експлозивни направи.
Мигрантите сведочат и за тешките и застрашувачки ноќни обиди да ја преминат границата, во кои учествувале и жени и деца.