Сашо Мијалков останува во притвор
Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23 февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.
Апелациониот суд ја отфрли жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и ја потврди одлуката на Кривичниот суд Скопје којшто претходно не ја прифати гаранцијата во вредност од над 10,8 милиони евра.
Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23 февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.
Тој со жалбите во Кривичниот и во Апелациониот суд бараше да му се овозможи домашен притвор или да му се ублажат мерките на претпазливост за што понуди гаранција во имот од околу 10,8 милиони евра.