Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков по кого се трагаше два дена, вечерва од Обвинителството за организиран криминал и корупција е однесен во куќен притвор. Тој ќе издржува притвор со електронска алка.
Мијалков попладнево самиот се пријави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој изјави дека дека не избегал, туку бил во изолација затоа што имал висока температура и симптоми на коронавирус.
Поранешниот шеф на УБК им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите кои беа предизвикани.
Во петок се очекува да биде изречена пресуда за случајот „Таргет тврдина“.