САШО Е ДОБАР И СЕ ОПОРАВУВА Филипче го посети пациентот со трансплантирано срце (ФОТО)
„Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце, тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики“, напиша Филипче на Фејсбук.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент кој имал тешка срцева аномалија е успешна и дека пациентот моментално се чувствува добро.
„Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце, тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики“, напиша Филипче на Фејсбук.
На пациентот, кој имал тешка срцева аномалија, му беше трансплантирано срцето од млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ била дијагностицирана мозочна смрт.
Нејзиното семејство одлучило нејзините органи да ги донираат, по што министерот Филипче појасни дека од пациентката ќе бидат експлантирани и коскени ткива и дека еден од нејзините бубрези треба да ѝ биде трансплантиран на друга пациентка.