📷 САШКО КЕДЕВ ГО ОСВОИ И ВРВОТ Г1 ВО ПАКИСТАН Стана првиот Македонец кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев е единствениот Македонец и еден од малкумината во регионот кој ги има освоено сите 14 највисоки врвови на планетата, меѓу кои најнискиот е Шишанпагма со 8.027 метри, Анапурна – еден од најопасните со 8.091 метар, и Монт Еверест, највисокиот, со 8.848 метри надморска височина.

983

Македонскиот кардиолог д-р Сашко Кедев утрово го искачи Г1 (Пакистан) и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 врвови од над 8.000 метри и највисоките врвови на сите 7 континенти (7 Summits).

Кедев е еден од ретките во регионот и единствениот Македонец кој ги има искачено 14-те највисоки врвови во светот од кој најнискиот Шишанпагма е 8.027 метри, најопасниот Анапурна 8.091 метар и највисокиот Монт Еверест 8.848 метри надморска височина.






Поврзани содржини