На август 1983 година, во тешка собраќајна несреќа што се случи кај селото Градобил, на патот Куманово – Свети Николе, како една од девете жртви, загина познатата македонска пејачка Сашка Петковска – Липша.
Загина на возраст од 32 години, во време кога беше во врвот на популарноста. Настапуваше и добиваше награди не само на Скопскиот фестивал, туку и на фестивалите Белградска пролет, Опатија, Вашиот шлагер на сезоната.
Нејзините незаборавни хитови „Бакни ме”, „Чао, адио”, „Пушти ме како птица”, „Запри срце”, „Никогаш никогаш”, „Гриша”, „Сеќавања”, се дел од богатата ризница на македонската песна.
Беше и членка на легендарната вокално-инструментална група Македонија, предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Поп Панкова, Верица Ристевска, Панче Кочовски.
Сашка Петковска – Липша е родена 1951 година во Битола. Нејзин сопруг беше познатиот естраден работник и менаџер Марио Липша.