САША МАТИЌ ЗА ДЕНОТ КОГА ЗАГИНА ТОШЕ Планиравме концерт, да го организиравме, сè уште ќе беше жив
Тоше беше едно срце, една величина, чиста душа. Ја сакаше мојата работа, особено песната „Неке птице никада не полете“. Пееше мајсторски, му велев дека ја пее таа песна подобро од мене, рече пејачот Саша Матиќ.
Поминаа цели 18 години откако Тоше Проески, музичар чиј глас, емоција и човечност го надживеаја времето, нè напушти. Неговиот колега Саша Матиќ (47) се присети како планирале дует, но и дека еден откажан концерт можел сè да промени, пишува 24 часа.
– Во Скопје разговаравме за соработка, потенцијален дует… Подоцна, секој од нас имаше своја турнеја во Австралија, а потоа требаше да имаме заеднички приватен концерт за Македонците во еден клуб. Сепак, на крајот тоа не беше договорено, а ако беше, тој ќе останеше во Австралија уште седум дена и ние ќе пеевме на таа забава… Бидејќи тој концерт не се одржа, тој се врати и се случи тоа што се случи – рече Саша претходно за Extra FM.
– Тоше беше едно срце, една величина, чиста душа. Ја сакаше мојата работа, особено песната „Неке птице никад не полете“. Пееше мајсторски, му велев дека ја пее таа песна подобро од мене. Беше полн со знаење кога стануваше збор за музика, беше неисцрпен извор и секој ден можеше да се очекува нешто ново од него – вели Матиќ.
Во сообраќајна несреќа недалеку од Нова Градишка на 16 октомври 2007 година во 6:20 часот наутро, почина популарниот пејач Тоше Проески. Имаше само 26 години, а по него тагуваше целиот регион.