САША КОВАЧЕВИЌ НЕМА ДА ПЕЕ ВЕЧЕРВА ВО ОХРИД Поради организаторите откажан концертот на српската ѕвезда

Со исклучиво нетрпение го очекувам нашиот следен собир со различен организациски состав. Многу љубов и бакнежи!“, напиша Ковачевиќ.

1,104

Мега популарнииот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, закажан за вечерва. Регионалната ѕвезда и познат срцекршач се огласи на социјалните мрежи:

„Драги мои Македонци, со оглед дека организаторот на концертот во Охрид, закажан за 05.08, не ги испочитува основните договорни обврски, за жал, принудени сме да го откажеме концертот, и покрај сета желба и труд да се случи истиот. Со исклучиво нетрпение го очекувам нашиот следен собир со различен организациски состав. Многу љубов и бакнежи!“, напиша Ковачевиќ.






Концерот на пејачот беше закажан за на Античкиот театар.

„Концертот на Саша Ковачевиќ под отворено небо во уникатниот амбиент на стариот град, е откажан“, го пренесе Орид Њуз соопштението на организаторот.

Поради откажувањето на концертот на Саша Ковачевиќ од „Купи карти за сѐ“ ги информираат сите оние што имате купено онлајн карти, да испратат барање за рефундација на [email protected] до петок 09.08.2024.

„Купените карти во продажните места рефундирајте ги во истите“, велат од „Купи карти за сѐ“.

Поврзани содржини