📽️ САРКОЗИ ИСПРАТЕН ВО ЗАТВОР СО РАП ПЕСНА Ќе мора да одлежи барем 3 недели во специјална ќелија?

Бившата заменик-директорка на затворот, Флави Рол, изјавила дека „условите во самиците се тешки, затоа што човек е цело време сам, без контакт со други затвореници“. Неговиот адвокат, Кристоф Ингрен, веднаш по спроведувањето соопштил дека е поднесено барање за ослободување, но дека ќе одлежи најмалку 3 недели во самица.

1,074

Со рап песната „Затвор“ („Du Ferme“), моментален хит во Франција, и две спакувани книги, биографијата „Животот на Исус“ од Жан-Кристијан Петифис и „Грофот од Монте Кристо“ од Александар Дима, францускиот екс-претседател Никола Саркози денеска беше испратен во затвор, на големо внимание од француската и светската јавност.

Ако ја одлежи казната, Саркози ќе стане првиот француски претседател што ќе ја одлежи казната по Филип Петен, соработникот со нацистите од 1945 година, јави Би-Би-Си.






Неговиот адвокат, Кристоф Ингрен, веднаш по спроведувањето соопштил дека е поднесено барање за ослободување.

– Ништо не ја оправдува оваа мерка. Тој ќе биде внатре најмалку 3 недели или еден месец – изјавил адвокатот.

 

Додека излегуваше од вилата во 16-тиот арондисман заедно со сопругата Карла Бруни, повеќе од 100 поддржувачи му аплаудираа и извикуваа „Никола!“

„Не ме жалете, затоа што моето семејство е до мене. Жал ми е за Франција, понижена од одмаздничка волја“, напишал Саркози на мрежата Икс пред влегувањето во затвор.Ќе биде зад решетки најмалку три недели“.

 

Саркози, кој беше во Елисејската палата од 2007 до 2012 година, беше спроведен во затворот „Ла Сантe“ во Париз, каде ќе биде сместен во самечки блок.

Саркози, кој има 70 години, треаб да сместен во изолирана ќелија од 9 квадратни метри, со кревет, биро, мал шпорет и телевизор за кој плаќа 14 евра месечно. Има право на писма, телефонски разговори и посети од семејството, но ќе му биде дозволен само еден час дневна прошетка, сам во дворчето на изолациониот блок.

Бившата заменик-директорка на затворот, Флави Рол, за „БФМТВ“ изјавила дека „условите во самиците се тешки, затоа што човек е цело време сам, без контакт со други затвореници“.

Францускиот екс-претседател e осуден за незаконско финансирање на изборната кампања со пари од либискиот диктатор Моамер Гадафи.

Aктуелниот француски претседател Емануел Макрон го прими Саркози во Елисејската палата само неколку дена пред спроведувањето, додека министерот за правда, Жералд Дарманен, најавил дека лично ќе го посети Саркози за да се увери во неговата безбедност и во правилното функционирање на затворот.

 

Поврзани содржини