САРКОЗИ Е ВИНОВЕН, ПРЕСЕЧЕ СУДОТ Незаконси ја финансирал изборната кампања и питрошил двојно повеќе од дозвленото
Обвинителите се уверени дека Саркози неколку недели пред гласањето знаел дека неговите трошоци, кои се законски строго ограничени, се приближуваат кон законскиот максимум. Го обвиниле дека затурил две белешки од сметководителот кои предупредуваат на проблеми со парите.
Поранешниот француски претседател Никола Саркози прогласен е за виновен за незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година.
Саркози кој негирал какво било дело, не бил присутен во судот во моментот на изрекување на пресудата.
Тој е обвинет дека потрошил 22,5 милиони евра, речиси двојно повеќе од максималниот законски износ, за својата кампања за повторен избор во 2012 година. Потоа тој изгуби од социјалистот Франсоа Оланд.
Обвинителите се уверени дека Саркози неколку недели пред гласањето знаел дека неговите трошоци, кои се законски строго ограничени, се приближуваат кон законскиот максимум. Го обвиниле дека затурил две белешки од сметководителот кои предупредуваат на проблеми со парите.
Освен Саркози, им се судело на уште 13 лица, вклучувајќи ги и членови на неговата конзервативна републиканска партија, сметководители и шефови на комуникациски групи задолжени за организирање на собири. Останатите се обвинето за фалсификување, измама и соучество во незаконско финансирање на кампањата.
Некои ги признале прекршоците и детално опишале како лажеле со цел да ги прикријат прекумерните трошења.