Иако со Сара одамна се договараме за интервју, некако досега не се погоди моментот. Имено, пред точно една година, мојот предлог да направиме интервју, на крајот се претвори (се разбира, самата се обидов да помогнам), во барање дадилка за нејзината ќеркичка Илина, што признавам, одеше тешко. Неверојатно, нели? Покрај толку многу млади и невработени, си велев, ајде што не може човек да најде помош за грижа за својата стара мајка која боледува од Алцхајмер (во тој период јас барав некој кој ќе ми помага во грижата за мајка ми), ама да не може да се најде некој што ќе чува мало и слатко детенце, навистина е чудно.
Како и да е, интервјуто тогаш не го направивме.
Со оглед на тоа што летово имавме доста врнежливи денови, многу често од радиото кое е речиси постојано вклучено на некоја фреквенција, а најчесто на онаа на Македонското радио, ја слушав Сара: ‘Врне, врне, врне, врне…’ И ја побарав…
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.