Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски вчера ја прославија третата годишнина од бракот.
За годишнината од бракот, Сара сподели прекрасна семејна фотографија на која е заедно со Димитар и нивната ќерка Илина.
„На денешен ден, пред 3 години, дечкото са моје леве стране (јастука) ми се заколна пред Бога. Сме имале и паѓања, ама еве сме станати… Кога ќе паднеш (а ќе паднеш некогаш), поважно од паѓањето е само како ќе станеш. Така ја учиме Илина. Така се учиме ние. Стој исправено. Стој посилно од претходно. Да ни се множат годините, и во добро и во лошо“, напиша Сара.
FOTO: Instagram