Сара Џесика Паркер во интервјуто за новиот број на магазинот „Town & Country“, зборувала за силата и духот на Њујорк, кој поради пандемијата на коронавирусот се најде во големи проблеми, токму како и остатокот од светот.
Американската актерка, позната по улогата на Кери Бредшо во хит серијата „Сексот и градот“, вели дека масовниот егзодус на добростоечките њујорчани ги остави локалните компании во маки.
– Луѓето кои се богати, сите оние кои постигнаа голем успех во Њујорк, сега имаат обврска да ѝ помогнат на заедницата да оздрави – и културно и економски. Тие му го должат тоа на градот, мора да реинвестираат во него, мора да се вратат дома и повторно да го запознаат градот, кој сега им е очигледно непознат. Вашите омилени ресторани и продавници одвај чекаат да им се вратите. Не заборавајте дека оваа пандемија не ги запре сметките, а компаниите не можат да ги задржат вработените ако вие не се вратите дома. Тие мора да го почувствуваат нашето присуство, потребна им е нашата финансиска поддршка за да останат воопшто отворени. За нашиот град да изгледа познато и да функционира на начин на кој сме навикнале, мора да се вратите дома – рекла Паркер.
Популарната актерка, која е сопственичка и на модната галантерија SJP Collection, на сопствена кожа почувствувала како се сменил бизнисот за време на кризата предизвикана од вирусот ковид-19.
– Се боревме за време на карантинот, но ги задржавме сите вработени, сите имаат здравствено осигурување и работат. Имавме одлични денови, но имаше и кризни ситуации. Сè на сè, мојот омилен дел од работата е да бидам на подот со клиентите, да им носам чевли, да учам за нивните животи… Да, јас не сум само шеф, туку и продавачка! А, бидејќи имаме и виртуелно купување, јас лично ги доставувам сите нарачки јужно од 54. улица на клиентите и вистински уживам во тоа. Го сакам тој интимен пристап, ја ценам блискоста што ја имам со моите муштерии – открила Сара Џесика и заклучила дека жителите на Њујорк и во карантин сакаат да бидат гламурозни.
„Штиклите ни се продаваат секој ден, не почувствувавме никаква разлика во бизнисот“, вели таа со задоволство, како што пренесува „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм