САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР НЕ ГИ КРИЕ ГОДИНИТЕ Ваква досега не сте ја виделе (ФОТО)

Кери на многумина им послужи како инспирација за облекување, а благодарение на нејзината улога Сара стана стилска икона.

472

Актерката која ја глумеше славната Кери Бредшо во култната серија „Сексот и градот“ пред неколку месеци наполни 57 години.

Сара Џесика Паркер во моментот ја снима втората сезона од новиот дел од „Сексот и градот“, која носи наслов „И баш така…“ (And just like that).






Кери на многумина им послужи како инспирација за облекување, а благодарение на нејзината улога Сара стана стилска икона.

Како што беше претходно најавено, Кери и нејзината пријателка Миранда, која ја игра Синтија Никсон, во новите епизоди ќе имаат природно седа коса. Нивната цел е да прикажат реална слика за жените од нивната ера.

Странските папараци успеаја да ја фотографираат Сара во нејзиниот секојдневен опуштен и природен изглед, а токму нејзината седа коса на многумина им падна во очи.

 


Најголемата промена во серијата е отсуството на ликот на Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал. Познато е дека таа и Сара не биле во добри односи, а се шпекулираше дека Ким ја напуштила серијата поради неа.

„Се плашам да не кажам нешто непријатно, но тешко е да се зборува за ситуацијата со Ким. Снимањето на третиот филм пропадна поради нејзините барања во договорот. Таа имаше некои барања со кои не се согласивме, па тогаш се откажавме од снимањето“, изјави Паркер во подкастот „Холивуд репортер“.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини