САНОФИ КРЕНА РАЦЕ ОД mRNK ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 Ќе прави протеинска

Одлуката да прекине со клиничкото развивање на mRNK вакцината на Санофи донесена е и покрај позитивните резултати на првата и на втората фаза на клиничките истражувања кои денеска се објавени и во кои е потврдено дека таа вакцина потикнува силна имунолошка реакција.

3,572

Француската фармацевтска компанија Санофи се откажа од планот за производство на своја вакцина против ковид-19 на база на mRNK, поради доминантната пазарна улога на корпоративниот сојуз на Фајзер/Бионтек и на Модерна во битката против пандемијата, соопштиле од париската управа на таа компанија.

Санофи ќе ги насочи на напорите со британскиот партнер GlaksoSmithKlajn, на пазарот да понуди конвенционална вакцина против ковид-19 втемелена на протеини, која масовно се тестира, јавува Ројтерс.






Одлуката да прекине со клиничкото развивање на mRNK вакцината на Санофи донесена е и покрај позитивните резултати на првата и на втората фаза на клиничките истражувања кои денеска се објавени и во кои е потврдено дека таа вакцина потикнува силна имунолошка реакција.

Од Санофи порачуваат дека резултатите од клиничките истражувања се поттик дека mRNK технологијата во иднина ќе се користи за изработка на вакцини против грип и други болести.

Поврзани содржини