САНКЦИИТЕ СОЗДАВААТ И НОВИ МОЖНОСТИ Путин убеден дека руски Крим ќе биде економски развиен
Според Путин руските големи компании, вклучително и банките, можат без грижи да почнат да работат на Крим, бидејќи нема причина да стравуваат од нови санкции од Западот.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности.
– Јасно е дека развојот на Крим е под влијание на санкциите кои го покриваат банкарскиот сектор, но и испораката на многу производи. Сепак, иако создаваат одредени тешкотии, тие отвораат и нови можности за сите нас – рече Путин на состанокот за социо-економскиот развој на Крим и Севастопол.
Тој предложи и продолжување на рокот за реализација на државниот проект за прашањето за развојот на Крим и Севастопол до 2030 година и ја повика извршната власт да даде предлог за финансирање. Тој исто така рече дека руските големи компании, вклучително и банките, можат без грижи да почнат да работат на Крим, бидејќи нема причина да стравуваат од нови санкции од Западот.