САНКЦИИТЕ СЕ САМО ШЕГА? Рекорден извоз на руска муниција во САД
Во истиот период американските компании увезле и дополнителни 7, 700 тони оружје од Русија.
Извозот на руска муниција во САД, во текот на 2021 година го достигна историскиот максимум, и покрај санкциите што американскиот Конгрес и Белата куќа ѝ ги имаат наметнато на Руската Федерација.
Според извештајот на Бирото за попис на САД, само во текот на првите десет месеци од годинава, увезена е муниција од Русија во вредност од 158 милиони долари. Претходно, во 2016 година увозот на муниција од Русија во САД изнесуваше 148 милиони долари и тоа претставуваше рекорд уште од 1991 година и расформирањето на Советскиот Сојуз, кога и официјално заврши Студената војна, па трговијата со оружје и минуција меѓу двете земји стана возможна.
Во истиот период американските компании увезле и дополнителни 7, 700 тони оружје од Русија.
Во текот на август, Конгресот ги заврши сите процедури за имплемантацијата на новиот сет на санкции против Русија, кои одат директно против воената индустрија на оваа земја. Причина за тоа беше наводното труење на лидерот на опозицијата Алексеј Навални од страна на руските власти. Сепак, санкциите не оставија никаков белег на размената помеѓу двете земји.