САНКЦИИТЕ СЕ НИШТО БЕЗ СВИФТ-СИСТЕМОТ? Западот и Европа не посегнаа по најмоќното оружје

Шефот на големата руска ВТБ банка неодамна изјави дека ако СВИФТ биде забранет, Русија сепак ќе може да користи други канали за плаќања, како што се телефони, апликации за пораки или е-пошта. Руските банки, исто така, би можеле да ги насочат плаќањата преку земји кои не им воведоа санкции, како што е Кина, која воспостави сопствен платен систем за да му пркоси на СВИФТ-системот.

598

Многу аналитичари велат дека без исклучување на Русија од меѓународниот електронски СВИФТ-платежен систем санкциите на Европа и Западот кон Москва едноставно, не се доволни. Тогаш, зошто американскиот претседател Џо Бајден вчера не ја изрече и оваа санкција меѓу другите замрзнувања на сметки и рестрикции? Неговото објаснување беше дека против исклучување на СВИФТ се бунеле повеќе европски земји, партнери на САД.

– Санкциите што ги воведовме го надминуваат СВИФТ – потоа проба да објасни Бајден на новинарско прашање.






Можно ли е исклучување на Русија од СВИФТ да има контраефект на Европа и светот? Дали Европа не посегна по СВИФТ бидејќи се плаши за испораката на рускиот гас? Русија е голем купувач на странска производна стока, особено од Холандија и Германија, пишува Гардијан.

За разлика од ЕУ-земјите, политичарите во Велика Британија уште притискаат за воведување на санцкии за СВИФТ. Лидерот на лабуристите, Кир Стармер, беше меѓу многуте што побараа Москва да биде исклучена. Премиерот Борис Џонсон рече дека исклучувањето на Русија од СВИФТ ќе ја натера земјата да бара алтернативи, што е еден начин некого да го успорите во економијата.

Што е СВИФТ?

СВИФТ (Друштво за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации) е главниот безбеден систем за пораки што банките го користат за брзи и сигурни прекугранични плаќања, овозможувајќи меѓународната трговија да тече непречено.

Во 2020 година, околу 38 милиони трансакции се испраќаа секој ден преку платформата СВИФТ, со што се олеснија цели зделки во вредност од трилиони долари.

Кој е сопственик на компанијата?

Компанијата СВИФТ, основана во 1970-тите, е кооператива на илјадници институции членки кои ја користат услугата. Таа е со седиште во Белгија и останува неутрална во трговските спорови, водејќи се главно како услуга за своите членови.

 Без СВИФТ ќе „скокнат“ криптовалутите, а ќе падне доларот

Шефот на големата руска ВТБ банка неодамна изјави дека ако СВИФТ биде забранет, Русија сепак ќе може да користи други канали за плаќања, како што се телефони, апликации за пораки или е-пошта. Руските банки, исто така, би можеле да ги насочат плаќањата преку земји кои не им воведоа санкции, како што е Кина, која воспостави сопствен платен систем за да му пркоси на СВИФТ-системот.

Па така, Русија би можела да го користи кинескиот „Cips“ систем. Исто така, постои страв дека тоа може да го оштети статусот на американскиот долар како глобална резервна валута и да ја забрза употребата на алтернативи како што се криптовалутите.

Дали сегашните санкции се исто толку ефективни?

Санкциите објавени во четвртокот сепак ќе постигнат голем дел од она што ќе се случи ако Русија го загуби пристапот до СВИФТ, објандни Клеј Ловери од Институтот за меѓународни финансии.

– Скратувањето на руските финансиски институции од користењето на доларот, еврото, фунтата и стерлингот сè уште е прилично значаен чекор – вели тој.

 Иран беше исклучен од СВИФТ во 2012

Во 2012 година, Европската унија му забрани на СВИФТ да им служи на иранските фирми и поединци санкционирани во врска со нуклеарната програма на Техеран , што претставува преседан за акцијата против Русија. Портпаролот на Свифт одби да каже како организацијата ќе одговори на какви било американски санкции, рече Ројтерс.

 

Поврзани содржини