САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ЌЕ БИДАТ АТОМСКА БОМБА … ЗА НАС? Западот ќе си направи голема противуслуга

Да се доведе во прашање SWIFT може да биде атомска бомба за пазарите на капитал, но и за стоки и за услуги. Треба да го оставиме SWIFT недопрен, рече Мерц, цитиран од DPA International News Service.

2,095

Исклучувањето на Русија од меѓународниот банкарски систем за плаќање, таканаречениот свифт-систем со уплатници, ќе биде атомска бомба за економијата и трговијата на Западот и на целиот свет, смета идниот лидер на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц. Санкциите „во основа ќе го скршат грбот на меѓународниот платен сообраќај“, оштетувајќи ја не само европско-руската трговија со стоки и услуги, туку и глобалната трговија, пишува РусијаДенес.

– Да се доведе во прашање SWIFT може да биде атомска бомба за пазарите на капитал, но и за стоките и за услугите. Треба да го оставиме SWIFT недопрен – рече Мерц, цитиран од DPA International News Service.






Ако Европа нема како да го плаќа рускиот гас, макар и онлајн, преку свифт-уплатници, тоа може да го дестабилизира целиот континент. САД и сојузниците веќе планираат широк сет на казнени мерки доколку Русија ја нападне Украина.

 

– Би видел огромни економски неуспеси за нашите сопствени економии доколку се случи такво нешто. Тоа би ја погодило Русија, но ние значително би се оштетиле себеси – предупреди Мерц.

Новите казни се насочени кон руските банки и рускиот државен фонд. Тие, исто така, ќе го отежнат претворањето на рубљите во странски валути, како и искористување на можностите за инвеститорите за купување руски долг на секундарниот пазар.

Предупредувањата на Мерц доаѓаат пред посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок на Украина и Русија, која е закажана за понеделник и вторник.

Изминативе неколку месеци Вашингтон постојано ги повторува своите намери да ги воведе санкциите.

Поврзани содржини