САНКЦИИТЕ НЕ ДАДОА РЕЗУЛТАТ Инфантино предлага враќање на руските тимови

Претседателот на ФИФА смета дека санкциите против руските тимови не донеле позитивен ефект и најавува можна промена на правилата.

62

Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за настап на руските тимови во меѓународните натпреварувања.

Ова денеска, во интервју за британскиот телевизиски канал Скај, го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доведувајќи ги во прашање ефектите и придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал.






– Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против руските тимови? Дефинитивно треба. Оваа забрана не постигна ништо – само создаде поголемо разочарување и омраза – изјави Инфантино.

Тој додаде дека раководното тело на светскиот фудбал треба да размисли и за промена на правилата, со вклучување на клаузула според која националните селекции никогаш не би требало да бидат исклучувани од меѓународни турнири поради политички причини.

Руските клубови и национални репрезентации имаат забрана за настап во натпреварувањата под капата на ФИФА и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) од февруари 2022 година, поради руската воена инвазија врз Украина.

Поврзани содржини