Санкции за 222 несовесни возачи во Скопје

Од министерството велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови

245

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска – се вели во соопштението од МВР.






Од министерството велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови, па ги повикаа граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини