САНДРА БУЛОК СЕ ПОВЛЕКУВА! Готово е, повеќе не можам

Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа, изјави актерката.

597

Познатата холивудска глумица Сандра Булок го објави своето повлекување од актерството во големото интервју што го даде за Холивуд Репортер.

– Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа – изјави актерката.






Таа вели дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката, која во својата 30-годишна кариера снимила близу 50 филмови, вели дека е благодарна за успехот што го постигнала, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

– Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица. Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков „Престани да бараш затоа што не треба да се докажуваш повеќе.Треба да бидеш добра и без работа што ти треба како потврда за успехот“ – вели Булок.

На прашањето кога ќе се врати на актерството, таа едноставно одговорила: „Не знам“.

Поврзани содржини