Сандерс заработи од неговото меме, парите одат за хуманитарни цели  

Целиот износ од продажбата ќе оди во фондацијата Meals on Wheels Vermont, која обезбедува топли оброци за лица над 60 години со хронични болести.

787

Сенаторот Берни Сандерс го употреби неговото меме од инаугурацијата на претседателот Џо Бајден во хуманитарни цели.

Сенаторот од Вермонт беше фотографиран како седи на стол, облечен во јакна со капа, рачно плетени ракавици и хируршка маска на лицето. Сликата стана вирална, луѓето ја вметнуваа во разни слики – од уметнички дела, до фотографии, претстави, филмови, и сл.






Оваа своја неочекувана популарност ја искористи и самиот Сандерс. Направена е блуза со негово меме, која се продава за 45 долари. Поради голема побарувачка, блузата ќе се испорачува за 3 до 6 недели.

Целиот износ од продажбата ќе оди во фондацијата Meals on Wheels Vermont, која обезбедува топли оброци за лица над 60 години со хронични болести.

Сандерс бил прашан како се чувствувал за време на инаугурацијата.

– Седев таму обидувајќи се да ја задржам топлината и да внимавам на тоа што се случува – изјави Сандерс за шоуто „Late Night with Seth Meyers“ на ТВ Ен-Би-Си.

 

Поврзани содржини