Санаториум со „Параноја“ се враќа на сцената (ВИДЕО)

Новата композиција на Санаториум е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев.

591

Македонскиот култен треш состав Санаториум се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Моќна, брза и енергична…, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив.

Ваквиот кам-бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката. Новата композиција на Санаториум е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев.






Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.

Во продолжение погледнете го видеото:

Поврзани содржини