Сан Салвадор во критична фаза, зголемен бројот на смртни случаи

Ел Салвадор, на површина од 20.742 квадратни километри, со население од 6,6 милиони, забележа 8.844 случаи на заболени од ковид-19 и 243 починати.

278

Сан Салвадор, главниот град на Ел Салвадор, е во „критична фаза“ по зголемувањето на бројот на починати во епидемијата на коронавирус и поради оптоварувањето на здравствениот систем, предупреди невладината организација Лекари без граници (МСФ).

– Веќе сме во критична фаза. МСФ бележи зголемување на бројот на смртни случаи пред пристигнувањето на нашата служба за итни случаи – вели координаторот на Салвадор, Луис Ромеро во соопштението на Лекари без граници.






Тој додава дека координацијата за прием на пациенти во болницата е „сѐ потешка“.

Ел Салвадор, на површина од 20.742 квадратни километри, со население од 6,6 милиони, забележа 8.844 случаи на заболени од ковид-19 и 243 починати.

Жариштата на епидемијата во земјата се Сан Салвадор и Сојапанго, кој граничи со главниот град.

– Забележуваме нагло влошување на последиците од пандемијата врз населението и здравствениот систем – се наведува во соопштението на Лекари без граници. 

Поврзани содржини