Самоубиствена Дилема Со Мециновиќ и дали вреди бесата на Вреди?
И тука доаѓа тишината. Вреди, кој во Скопје нуди поддршка без потреба, во Кичево молчи. Зошто? Затоа што таму етничката матрица не им одговара. Иако Јовановски има Албанка за сопруга, тоа не е доволно за да се пробие етничкиот ѕид на калкулации.
Вреди продава ветер во магла
Кичево: најгласно молчење
Во Кичево, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои 44,5% – единствен Македонец во трката, со реална шанса за победа. Тројцата албански кандидати се движат околу 5.000 гласа секој, а во втор круг влегуваат Јовановски и Дехари од ДУИ.
И тука доаѓа тишината. Вреди, кој во Скопје нуди поддршка без потреба, во Кичево молчи. Зошто? Затоа што таму етничката матрица не им одговара. Иако Јовановски има Албанка за сопруга, тоа не е доволно за да се пробие етничкиот ѕид на калкулации. Вреди воопшто не вреди и не нуди коалициска верност или достоинствен договор. На Вреди му вреди само етничка припадност.
Стапот има два краја
Вреди е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, но нивниот кандидат Билал Касами често кокетира со неофашистички и антимакедонски реторики. За секој просечен гласач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е горчлива пилула. Партијата е принудена да им каже на своите гласачи дека „оној со необалистичките изјави е помало зло од оној кој се прогласи за албански газда на Македонија“ – што е, во македонската литература познато како „угоре високо, удолу длабоко“. Верувам дека Македонците ќе бидат фер и сепак ќе го изберат своето „помало зло“, но упатувам апел до Мицкоски – ако Вреди реши да брани „албанска енклава“ во Кичево, да ги прогласи за вишок во Владата. Просто – ако има партнерство, треба да има и доверба во две насоки. Дванаесет илјади кичевчани го кажаа своето! Александар е нивниот избор и Вреди ќе вреди само ако го почитува тоа.
Весела Математика
Некако склопија весела математика во која две баби и три жаби се седум мачки. Барем пет да беа. ВМРО-ДПМНЕ изгубило 137.000 гласа од лани до сега, споредувајќи парламентарни избори на целата територија со локални во кои ВМРО-ДПМНЕ нема листи во 18 општини. Споредија со трикови и црна магија дисипација од 131 политички субјект на локални избори – со единаесет субјекти на парламентарни. Споредија избори на кои се доаѓа и гласа од дијаспора, со такви на кои не се гласа. Супер… Да им текнеше да споредат со вториот круг на претседателските избори, на кој Гордана Силјановска освои 561.000 гласови, ќе можеа сосема слободно да кажат „што има врска што 131 субјект е заменет со два субјекти, важно е дека власта изгуби 260.000 гласа“. Дури тогаш трендовите ќе беа како да излегле од култниот филм на Тарантино „Pulp Fiction“.