САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА АЛБИН КУРТИ ПРЕД МОЖНОСТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА Од изборени 60% од гласовите освои 50,24% од гласови

Доколку Движењето Самоопределување успее да го задржи својот резултат со 50% или повеќе гласови, може самостојно да формира влада.

213

По преброени повеќе од 60% од гласачките кутии на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување, предводено од Албин Курти, има мнозинство за формирање влада.

Според резултатите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), по изброени 60% од гласовите Движењето Самоопределување обезбеди 50,24%  или 257.390 гласови. Втора е  Демократската партија на Косово (ПДК) со 20% или 102.460 гласови. На трето место е Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој досега обезбеди 14,16% или 72.566 гласови, додека по него следува Алијансата за иднината на Косово (ААК), која доби 6,57% или 33.659 гласови.






Другите партии кои нема да освојат 5% од гласовите до крајот на официјалното пребројување на гласовите нема да можат да го поминат прагот и да влезат во Собранието на Косово.

Доколку Движењето Самоопределување успее да го задржи својот резултат со 50% или повеќе гласови, може самостојно да формира влада.

По објавувањето на прелиминарните резултати, ќе следи пребројувањето на гласовите од странство, од каде што се регистрирани околу 70.000 граѓани за гласање.

Поврзани содржини