САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА АЛБИН КУРТИ ПРЕД МОЖНОСТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА Од изборени 60% од гласовите освои 50,24% од гласови
Доколку Движењето Самоопределување успее да го задржи својот резултат со 50% или повеќе гласови, може самостојно да формира влада.
По преброени повеќе од 60% од гласачките кутии на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување, предводено од Албин Курти, има мнозинство за формирање влада.
Според резултатите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), по изброени 60% од гласовите Движењето Самоопределување обезбеди 50,24% или 257.390 гласови. Втора е Демократската партија на Косово (ПДК) со 20% или 102.460 гласови. На трето место е Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој досега обезбеди 14,16% или 72.566 гласови, додека по него следува Алијансата за иднината на Косово (ААК), која доби 6,57% или 33.659 гласови.
Другите партии кои нема да освојат 5% од гласовите до крајот на официјалното пребројување на гласовите нема да можат да го поминат прагот и да влезат во Собранието на Косово.
Доколку Движењето Самоопределување успее да го задржи својот резултат со 50% или повеќе гласови, може самостојно да формира влада.
По објавувањето на прелиминарните резултати, ќе следи пребројувањето на гласовите од странство, од каде што се регистрирани околу 70.000 граѓани за гласање.