Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сѐ до добивање на резултатот, соопшти Министерство за здравство.
Можеби ќе ве интересира
„Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои“, се додава во соопштението од Здравство.
За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.