САМО ЗА КИЧЕВО ЌЕ ИМА 2 МИЛИОНИ ПОМОШ Николоски најави поддршка за нови проекти во овој град
Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар во Кичево.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар.
– Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани – изјави Николоски.
Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поставување комплетно нов асфалт, хортикултурно уредување и поставување вертикална и хоризонтална сигнализација.
– Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде повеќе од 2 милиони евра само за општина Кичево, на бројни проекти коишто ќе се реализираат на сите на населени места – рече Николоски.
Тој најави дополнителни инвестиции во општина Кичево.
– Сакам да најавам дека после победата на докторот Александар Јовановски, ќе има дополнителна поддршка од Министерството за транспорт од 2 милиони евра само за општина Кичево – рече Николоски.