Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Радовиш и Струмица, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Радовиш.
– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции – рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Радовиш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
– За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени над 150 санкции, а во Радовиш се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. – соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.