Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот, соопшти МВР.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 29 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – велат од МВР.