Само во овие 15 држави нема коронавирус

До пред десетина дена оваа листа беше подолга за уште три имиња - Јемен, Јужен Судан и Сао Томе и Принсипе, меѓутоа, во изминатите неколку дена и во овие земји беа забележани првите случаи на заразата со ковид-19.

2,126

Пандемијата со коронавирусот најпрво започна да се шири во Кина, а потоа го зафати скоро целиот свет. Сепак, до денешниот ден има вкупно 15 држави во светот каде што сè уште нема знаци на заразата.

Тоа се Комори, Кирибати, Лесото, Маршалските Острови, Микронезија, Наури, Северна Кореја, Палау, Самоа, Солмонските Острови, Таџикистан, Тонго, Туркменистан, Тувалу и Вануату.






До пред десетина дена оваа листа беше подолга за уште три имиња – Јемен, Јужен Судан и Сао Томе и Принсипе, меѓутоа, во изминатите неколку дена и во овие земји беа забележани првите случаи на заразата со ковид-19.

Во Јужен Судан има четворица заразени, исто како што и во Сао Томе и Принсипе, а во Јемен досега е пријавен само еден случај на зараза.

Некои експерти се согласуваат со тоа дека некои земји не ги пријавуваат случаите со коронавирусот, а скоро сите се сомневаат и во веродостојноста на податоците дека во Северна Кореја нема ниту еден заразен со коронавирусот.

Поврзани содржини