Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19. Според Центарот за јавно здравје, активни се 761 случаи. Од почетокот на епидемијата во градот Скопје се регистрирани 6.097 случаи.
Можеби ќе ве интересира
Најголем број активни случаи, 109, денеска има регистрирано во Аеродром, во Чаир се регистрирани 88, во Кисела Вода 83, Гази Баба 82, Карпош 81, Центар 77, Бутел 50, Ѓорче Петров 44, Шуто Оризари 31, Студеничани 26, Сарај 22, Арачиново 15, Илинден 13, во Сопиште и Петровец по седум, Чучер Сандево три и во Зелениково две. Нераспределени се 13 случаи, а регистрирани се осум.