📽️ САМО ВО МАКЕДОНИЈА ВОЗ ЧЕКА ДА ПОМИНЕ АВТОМОБИЛ! Неверојатна случка се случила во Прилеп
Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите, но кај нас е обратно.
На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија каде што не функционира системот за затворање на патот кога на пругата има воз.
Инаку секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите, но кај нас е обратно.
Како што може да се види на видеото, бидејќи рампата не е спуштена, тој што го снимил им дава сигнал на возилата од спротивната насока да запрат. Среќа во несреќа е што машиновозачот е внимателен и дава звучни сигнали и полека минува преку преминот, па поради тоа нема незгода на возот со некое возило.
Лицето кое го снимило видеото вели дека овој настан се случил во Прилеп и се чуди од целата ситуација.