САМО ВИСТИНСКИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДРЖАВНО ОБРАБОТЛИВО ЗЕМЈИШТЕ Трипуновски им става крај на злоупотребите

Во моментов тече Јавен повик којшто се работи, во кое ќе биде ставено сето преостанато земјоделско земјиште коешто се наоѓа ширум Република Македонија. И сето тоа се работи само во интерес на сите оние земјоделци кои што сакаат да обработуваат земјоделско земјиште , истакна министерот за земјоделство.

377

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одговараше на пратеничко прашање коешто се однесуваше во делот на земјоделското земјиште.

– Откако сум министер со помош на Владата се поведе една сериозна акција во делот на злоупотребата на земјоделското земјиште. Се раскинаа и неколку договори, се ослободија над 2.000 хектари земјоделско земјиште кое што беше злоупотребувано од претходната власт – појасни министерот.






Во првите месеци од мојот мандат, додаде тој, се поделени 967 договори за распределба на земјоделско земјиште.

– Во моментов тече Јавен повик којшто се работи, во кое ќе биде ставено сето преостанато земјоделско земјиште коешто се наоѓа ширум Република Македонија. И сето тоа се работи само во интерес на сите оние земјоделци кои што сакаат да обработуваат земјоделско земјиште – истакна тој.

Тој додаде дека тренд на правична распределба на земјоделско земјиште додека е тој министер ќе продолжи.

– Државното земјиште треба да биде ставено во функција кај вистинските земјоделци – посочи министерот Трипуновски.

Во делот на сточарското производство, посочи министерот, во наредните месеци ќе има наменски огласи за сточарите каде што ќе имаат предност при добивање на земјоделско земјиште.

– На сточарите им е потребно земјиште за производство на храна, за да ги намалат загубите во делот на производство на храна, но и да имаат сигурен прилив на храна кој што им потребен – истакна тој.

Министерот Трипуновски најави дека утре ќе го посети Пелагонискиот регион за да оствари средби со земјоделците.

– ЗК Пелагонија е во фаза на склучување на Анекс на договор каде што се ослободуваат околу 1.600 хектари државно земјоделско земјиште и ќе се стави на располагање на сточарите од Пелагонија – нагласи министерот.

Поврзани содржини