„Само вистина” најгледана дебатна емисија, пет копја пред „360 степени” и „Заспиј ако можеш”
Плусинфо дојде до петочните податоци на официјалното мерење на агенцијата „Нилсен", според кои оваа емисија во петокот имала рејтинг од 18,5 отсто.
„Само вистина” на Канал 5 и натаму е најгледана дебатна емисија на македонските телевизии.
Плусинфо дојде до петочните податоци на официјалното мерење на агенцијата „Нилсен”, според кои оваа емисија во петокот имала рејтинг од 18,5 отсто.
На втора позиција е „360 степени” на Алсат-М со 3,8 отсто.
Одлично напредува новата емисија на Горан Момировски „Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа, со рејтинг од 3,55 отсто.
Заостануваат „Анализа 24″ на ТВ 24 со 2,47 отсто и „Топ тема” („Еврофокус”) на Телма со 1,94 отсто.
„Што не е јасно” на Алфа бележи рејтинг од 1,55 отсто.
Напоменуваме дека податоците се добиени во петокот и се однесуваат на последните изданија на овие емисии.