„САМО ВАНКОВСКА И ЛЕВИЦА СЕ БОРАТ ПРОТИВ БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ На иницијатива на оваа партија се затвори „фашистичкиот клуб“ во Битола, потсети Мојсоска
Ванковска во Богданци истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини.
Профeсорката Билјана Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се против безалтернативноста, која ни се наметнува последниве 30 години“.
Ова го изјави Јована Мојсоска, носител на листата на Левица во Изборната единица 5.
„Граѓаните можат да видат дека единствено Левица и единствено професорката Ванковска се против бугаризацијата на Уставот. Врпочем, Левица беше и единствена партија која во Битола, во градот на Стив Наумов, организираше и два протести против фашистичкиот клуб. И токму по иницијатива на Левица, беше затворен фашистичкиот клуб!“, потсети Мојсоска.
Во понеделникот Билјана Ванковска беше во Богданци и во Гевгелија, на средби со граѓаните, придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4.
Со жителите на Богданци таа разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина. Ванковска истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Особено нагласи дека треба да се внимава на зачувување на заштитата на животната средина која значи здрав и задоволен човек.
Сашко Јанчев на жителите на Богданци им вети дека Левица до крај ќе се бори рудници во овој крај да не се отвараат.