САМО ТРОЈЦА ЛИДЕРИ ОД ЕВРОПА ДОБИЈА ЧЕСТИТКА ОД ПУТИН Кремљ внимателно бира пријатели за Нова година

Руската влада потврдила дека честитки биле испратени и до лидерите на земјите-членки на БРИКС, на државите од глобалниот југ, како и на повеќето лидери од Заедницата на независни држави. Меѓу нив се наоѓаат претседателите на Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, Казахстан, Киргистан и Белорусија.

368

Кремљ објавил дека претседателот Владимир Путин испратил новогодишни и божиќни честитки до голем број државници, но само тројца европски лидери ја добиле неговата порака — српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Руската влада потврдила дека честитки биле испратени и до лидерите на земјите-членки на БРИКС, на државите од глобалниот југ, како и на повеќето лидери од Заедницата на независни држави. Меѓу нив се наоѓаат претседателите на Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, Казахстан, Киргистан и Белорусија.






Путин испратил пораки и до лидерите на Северна Кореја, Куба, Венецуела и на Никарагва, како и до неколку поранешни државници, меѓу кои Герхард Шредер, Нурсултан Назарбаев и Раул Кастро.

Посебно внимание предизвикало тоа што честитка примил и Папата Лав XIV, редок потег со симболичен дипломатски тон.

Меѓу лидерите на НАТО, според официјалната листа, честитки биле испратени само до американскиот претседател Доналд Трамп и до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Иако Кремљ не дал политичко објаснување за изборот на приматели, аналитичарите оценуваат дека списокот ги одразува новите дипломатски приоритети на Москва, потпирање на држави што задржале неутрален или пријателски однос со Русија по почетокот на војната во Украина.

Руската агенција „Спутник“ објави новогодишно видео во кое Путин им дава подароци на светските лидери: на Ердоган снежна топка што ја претставува нуклеарната централа „Акују“, а на Зеленски пар лисици.

 

 

Поврзани содржини